Влијателната Еман Атиенца, ќерка на познатиот американски ТВ водител Ким Атиенца, почина на 19-годишна возраст. Веста за нејзината ненадејна смрт ја потврди нејзиното семејство преку „Инстаграм“, објави „Пејџ сикс“.
Семејството во соопштението изјави дека смртта дошла „неочекувано“ и дека длабоко ги потресла.
„Со голема тага ја споделуваме веста за ненадејната смрт на нашата ќерка и сестра Еман. Таа донесе толку многу радост, смеа и љубов во нашите животи и во животите на сите што ја познаваа“, напишаа нејзините родители Ким и Фелиција Атиенца, заедно со нивните деца Хозе и Елијан.
Еман беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес, потврдија медицинските картони на округот Лос Анџелес.
Според извештаите на локалните медиуми, таа починала на 23 октомври, а се преселила во овој град дури во август.
Еман Атиенца беше позната по својот отворен пристап кон темите за ментално здравје.
View this post on Instagram
Таа имаше над 856.000 следбеници на „ТикТок“, а нејзините видеа имаа речиси 50 милиони лајкови.












