„Влезот на Украина во ЕУ ќе доведе до нејзин банкрот“

131

Влезот на Украина во Европската унија не би бил „добра зделка“, изјави во вторникот унгарскиот премиер Виктор Орбан, наведувајќи дека Украина нема да ја зголеми вредноста на Унијата, туку, како што рече, ќе доведе до нејзин банкрот.

Одговарајќи на коментарите на лидерот на Европската народна партија Манфред Вебер на прес-конференција, Орбан рече дека Унгарија е примена во ЕУ затоа што тоа е од корист за нејзините членки.

Орбан на Фејсбук напиша дека прифаќањето на Унгарија во ЕУ е „добра зделка“ и за Германија.

„Испраќањето европски пари во Украина наместо да се користат за зајакнување на болната европска економија би било голема грешка“, рече Орбан, пренесе Танјуг.

Тој му рекол на Вебер дека е време европските лидери да ги претставуваат европските народи.

ИЗДВОЕНИ