
Манчестер Сити конечно полека се враќа во форма по катастрофалната минатата сезона, но Пеп Гвардиола беше потресен од одлуката донесена пред неколку дена од играчот кој со години му е омилен на „Итихад“.
„Граѓаните“ апсолутно потфрлија во сите натпреварувања минатата сезона и се очекува Манчестер Сити да се врати на врвот на англискиот и европскиот фудбал оваа сезона.
Пеп Гвардиола направи неколку значајни промени во играчкиот кадар ова лето и се откажа од некои од поискусните играчи кои го формираа ‘рбетот на тимот во претходните сезони, а само неколку од нив сè уште остануваат на „Итихад“.
Еден од нив е Бернардо Силва, кој очигледно е миленик на Гвардиола, кој тоа воопшто не го крие, но немаше поим каков удар ќе му нанесе португалскиот интернационалец.
Имено, англиските медиуми објавуваат дека Силва пред неколку дена му кажал на Гвардиола вести кои целосно го шокирале менаџерот на Сити.
„Сан“ објави дека Силва одлучил дека е време да го напушти Манчестер Сити и го одбил продолжувањето на соработката што му ја понудил клубот, а како што стојат работите, тој ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Се вели дека Силва му го кажал сето ова на Гвардиола пред неколку дена, што целосно го изненадило менаџерот на Сити бидејќи очекувал искусниот играч од средниот ред да го продолжи договорот до летото 2027 година.
Тој му рекол на Гвардиола дека ќе остане до крајот на оваа сезона и дека е целосно фокусиран на Манчестер Сити, но веќе се шпекулира дека шпанскиот тренер подготвил жестока одмазда кон Силва бидејќи верува дека го предал со таквата одлука.
Гвардиола размислува целосно да го отстрани Силва од првиот тим и да го принуди да бара нов клуб во јануари. Се очекува Силва да има помалку минути како што одминува сезоната и тој не е првиот играч на кого Пеп му го направил ова.
И претходно имаше примери каде Гвардиола им се одмаздува на играчите кога не одат според неговиот план, сите од нив на крајот го напуштија Манчестер Сити при првата можност.
Кога е во прашање Силва, тој најверојатно ќе оди во Саудиска Арабија бидејќи има две исклучително богати понуди на маса, а наводно решил да ги прифати бидејќи е свесен дека ќе му биде тешко да заработи толку пари во Европа.
Ал Хилал најмногу е заинтереситан за Силва, нудејќи му над 500.000 евра неделно, а интерес покажал и Ал Кадсија.
Офанзивниот играч за врска се приклучи на Манчестер Сити од Монако во летото 2017 година за 50 милиони евра и нема сомнение дека оставил неизбришлив белег на „Итихад“, освојувајќи речиси сè што можеше со клубот.
Силва има одиграно 414 натпревари за „граѓаните“, постигнувајќи 72 гола и 74 асистенции.