Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа: Пренесен е во болница во Црна Гора

88

Легендарниот српски кошаркар Владе Дивац е повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора, каде паднал од моторот, а поради здобиените повреди не можел да стане, па со возило на Брза помош бил пренесен во болница.

Како што дознава „Побједа“, Дивац паднал кај Луштица, a засега нема официјални информации за степенот на повредите со кои се здобил при несреќата.

Дивац последниве години често престојува во Црна Гора, а минатата година на одмор во Бока Которска друштво му правеше еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, Меџик Џонсон.

ИЗДВОЕНИ