Компанијата „Ер Индија“ ја заврши проверката на прекинувачите за контрола на горивото на својот авион „Боинг 787“, што беше наредено од Генералниот директорат за цивилно воздухопловство (DGCA) пред два дена откако авионот на компанијата се урна во Ахмедабад, објави денес индиската телевизиска станица NDTV, повикувајќи се на официјален претставник.
За време на инспекциите на прекинувачите за гориво во авионите не се откриени никакви проблеми, пренсоа светските агенции.
Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на 14 јули им наложи на индиските авиокомпании да спроведат проверки на прекинувачите за контрола на горивото на авионите „Боинг“, вклучувајќи ги „Б787 Дримлајнер“ и некои авиони „Б737“.
Проверката на прекинувачот за гориво беше наредена по прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад на 12 јуни, каде што се вели дека снабдувањето со гориво до моторот било прекинато кога прекинувачот за гориво бил префрлен од „вклучено“ на „исклучено“, а потоа повторно на „вклучено“.
Дизајнот на прекинувачот за контрола на горивото, вклучувајќи ја и функцијата за заклучување, кај различни модели на авиони на Боинг е сличен на оној инсталиран во авионот што се урна во Ахмедабад.
Според информациите од „Ер Индија“, предложените инспекции на менувачите на гориво не биле спроведени претходно бидејќи инспекцијата била советодавна, а не задолжителна.