Виткоф пристигна во Кремљ на разговори со Путин

0
EPA/AL DRAGO / POOL

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, и специјалниот претставник на рускиот претседател за странски инвестиции и економска соработка, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, пристигнаа во Кремљ, дознава рускиот портал „Известија“.

Преговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Виткоф ќе се одржат денес во Москва. Според РИА Новости, ова е шеста посета на американскиот пратеник на Русија оваа година, а се очекува Виткоф да ги презентира предлозите на САД за решавање на конфликтот во Украина за време на состанокот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави, на брифинг за индиските медиуми организиран од „Спутник Индија“, дека овој состанок ќе биде важен чекор кон мирно решавање на украинскиот конфликт.

ИЗДВОЕНИ