Во Камерната сала на Филхармонијата, на 9 јуни, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи 11. издание на „Виолин фест“, фестивалот каде што соништата имаат гудало, а секоја нота е чекор поблиску до иднината.
– Овде нема натпревар, нема гламур. Само чиста музика и храбри млади луѓе што свират како да им зависи животот од тоа. И, можеби, навистина им зависи, бидејќи кога си млад, а музиката ти е сè, оваа сцена значи повеќе од аплауз. Фестивалот постои за да им даде простор, звук, слушатели… И ако некогаш сте се прашале како изгледа надежта, дојдете да ја слушнете. Во очите на децата, во движењата на рацете, во воздухот што трепери од страст – вели виолинистот Владимир Костов, идеен творец на овој фестивал.
На сцената, годинава ќе блеснат виолинисти од Македонија, Србија и од Косово, а ќе ги придружува пијанистката Марија Вршкова.
Влезот е слободен, а фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.


![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-450x300.jpg)




![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-218x150.jpg)




