
Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, успешно го спречи потенцијалниот „пожар“ во клупската соблекувална затоа што ја реши потенцијално опасната ситуација околу Винисиус Жуниор, открива „Дефенса Централ“.
Бразилскиот крилен напаѓач бара зголемување на платата затоа што сака да биде најплатениот играч во клубот. Претседателот на Реал му објаснил дека моменталната скала на плати, според која тој, заедно со Килијан Мбапе и Џуд Белингам, се најплатените играчи во тимот, со нето плата од 15 милиони евра, не може да се прекрши. Она што успеал да го направи Перез за Бразилецот, открива портал кој го следи Реал (М), е да му обезбеди бонуси што би можеле да го зголемат тој фиксен износ од 15 милиони евра на повеќе од 20 милиони евра, што всушност го сакаше Винисиус.
Крилниот напаѓач нема да се издвојува како најистакнат играч во Реал (М) со фиксна плата, но го доби она што го сакаше, а Перез доби мир во соблекувална полна со ѕвезди. Винисиус долго време се споменуваше како можна следна ѕвезда во Саудиска Арабија, а доби и понуда од една милијарда евра за пет години, но се тоа падна во вода откако го доби она што го сакаше во Реал.
Статусот што го уживаа Мбапе, Винисиус и Белингам е задржан, пишува „Дефенса Централ“, наведувајќи дека Перез ја смирил ситуацијата што можеше да ескалира. Со новиот тренер Чаби Алонсо сè е договорено и засега сè оди според планот. Винисиус е под договор со Реал до летото 2027 година, а минатата сезона постигна 22 гола и запиша 19 асистенции на 55 натпревари.