
Медиумите кои важат за блиски до лондонскиот премиерлигаш Челзи и понатаму ја форсираат приказната дека раководните лица не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Винисиус Жуниор. Истите медиуми пред неколку дена ја пласираа и информацијата дека лондонските „сини“ се подготвени да одвојат околу 150 мил. фунти за неговото обештетување.











