
Актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, со големо внимание ја следи ситуацијата околу бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Винисиус Жуниор. Се погласни се шпекулациите дека крилниот напаѓач не сака да потпише нов договор со „кралскиот клуб“ и дека поради таквата ситуација, раководните лица се принудени да го продадат на крајот од актуелната сезона.











