Виенската лекарска комора нуди онлајн курсеви по германски јазик за странските лекари

24
Виенската лекарска комора и Австрискиот фонд за интеграција отпочнаа посебни онлајн курсеви по германски јазик наменети за лекарите од странство.

Целата на таа инцијатива е да се забрза процесот за признавање на дипломата, објави „Бета“.

Курсевите се практично насочени и наменети за странските лекари кои поминуваат низ процес на нострифијација и ги подготвуваат за стручен испит по германски јазик пред Лекарската комора, соопштија од Канцеларијата на градот Виена во Белград.

Наставата ја водат тимови составени од професор по германски јазик и лекар. Посетителите на курсот стекнуваат јазични вештини потребни за секојдневна работа, од пополнувањсе на анамнеза до разговори со пациентите или членовите на семејството.

Вежбаат реални ситуации и учат практичен и стручен речник. Покрај тоа, добиваат обрасци за анамнеза, списоци со кратенки, примери од случаи и контролни списоци, се наведува во соопштението.

„Кога зборуваме за недостиг на лекари, логично е да мораме да направиме се да им го олесниме патот на оние кои сакаат да започнат лекарска кариера во Австрија. Тоа, се разбира, ја вклучува неопходноста да го совладаат јазикот на земјата во која сакаат да работат“, рече претседателот на Виенската комора Јоханес Штајнхарт.

ИЗДВОЕНИ