недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Вербална војна меѓу Зеленски и Путин: Ако Костјантинивка е руска, ајде да...

Вербална војна меѓу Зеленски и Путин: Ако Костјантинивка е руска, ајде да се сретнеме таму

0
Фото: EPA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека градот Костјантинивка во Донецката област е под руска контрола, нарекувајќи ги уште еден дел од руската дезинформација.

Во разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски иронично рече дека би можел да се сретне со Путин во Костјантинивка ако градот навистина е под руска контрола.

„Доколку Костјантинивка беше под руска контрола, Путин сигурно немаше да има проблем да се сретне со мене таму за да најдеме дипломатско решение за завршување на војната“, рече Зеленски.

Портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, мајор Андриј Ковалев, потврди дека поединечни групи руски војници влегле во градот, но нагласи дека Костјантинивка останува под контрола на украинските сили.

Тој додаде дека украинската војска продолжува да го брани градот и да спроведува контрасаботажни операции и ја обвини Русија за ширење дезинформации.

Од друга страна, покрај Путин, и началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, тврдеше дека градот е окупиран. Костјантинивка, која пред војната имала население од околу 67.000 жители, е дел од стратешки важниот одбранбен појас Славјанск-Краматорск-Костјантинивка, кој претставува една од најголемите пречки за руските напори да го заземат целиот Донбас.

Областа е место на интензивни борби во последните недели, а руските сили веќе некое време се обидуваат да воспостават контрола врз градот.

ИЗДВОЕНИ