недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ И Суљок на излезна врата: Маѓар се обидува да го разреши претседателот...

И Суљок на излезна врата: Маѓар се обидува да го разреши претседателот на Унгарија

1
EPA/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави поднесување на 17-тиот амандман на Уставот, кој, меѓу другото, би го отворил патот за разрешување на претседателот Тамаш Суљок и избор на нов шеф на државата во рок од 30 дена.

Маѓар изјави дека во име на владата, ќе достави до парламентот предлог за 17-тиот амандман на Уставот на Унгарија, кој би овозможил разрешување на сегашниот претседател, инаку, близок на поранешниот премиер на земјата, Виктор Орбан.

„Денес, во име на владата, ќе го поднесам до Народното собрание 17-тиот амандман на Уставот“, напиша Маѓар на Фејсбук, пренесе порталот Index.hu.

Нацрт-законот за 17-тиот уставен амандман, кој владата претходно го презентираше, предвидува изготвување на нов устав на Унгарија, додека во тој процес би биле усвоени измени на сегашниот устав, вклучително и одредби што се однесуваат на претседателот.

Според објавениот нацрт, мандатот на актуелниот претседател на Републиката би завршил со стапувањето во сила на амандманите, а парламентот би бил должен да избере нов шеф на државата во рок од 30 дена.

Владата во своето образложение наведе дека целта на оваа мерка е да се врати довербата во институцијата претседател на државата и да се обезбеди почитување на уставните принципи во функционирањето на владата.

Предлагачите сметаат дека уставните решенија што се на сила повеќе од 14 години не ја исполниле основната функција на ограничување на моќта, туку служеле за постигнување на непосредните политички цели на владејачката партија и биле спротивни на заедничките вредности.

„Уставот не бил симбол на единство, туку на поделба. Од таквата проценка, владата заклучува дека на Унгарија ѝ е потребен сосема нов врховен правен акт“, се наведува во образложението на предлогот.

ИЗДВОЕНИ