
Новоизбраниот потпретседател на САД, Џеј Ди Венс, упати остра критика и драматично предупредување до Франција, посочувајќи ги либералните миграциски политики како директен виновник за бруталното насилство што изби за време на масовните протести во оваа земја. Коментирајќи ги немирите на својот профил на социјалната мрежа Икс, каде што сподели и видео од запаленото градско собрание во Лимож, Венс порача дека хаосот на европските улици е резултат на долгогодишното игнорирање на социјалните проблеми.
Венс во својата реакција директно ги нападна одлуките на западните лидери, нагласувајќи дека тие свесно ги занемариле предупредувањата. Тој напиша дека западните либерали, во име на различноста и сочувството, го внеле третиот свет во Франција и во други земји, притоа занемарувајќи ги суштинските прашања за асимилацијата и компатибилноста.
Американскиот потпретседател додаде дека лидерите биле предупредени оти ова ќе доведе до вакво насилство, но не послушале, по што упати и јавен апел до француските власти итно да дејствуваат за да се стави крај на ова лудило пред да изгорат уште знаменитости на оваа прекрасна земја со неверојатни луѓе.
Реакцијата на Вашингтон доаѓа откако Франција викендов беше парализирана од огромен бран демонстрации, каде граѓаните масовно излегоа да протестираат против лошите услови во училиштата, порастот на трошоците за живот и зголемувањето на цените. Според официјалните податоци објавени од медиумот БФМТВ, околу 550.000 луѓе излегле на улиците низ француските градови, од кои дури 110.000 протестирале во Париз. Француската влада пријави екстремна ескалација на насилството, а мирните социјални маршеви брзо беа засенети од радикални елементи и вандали кои извршија директни напади врз државни симболи.
Во градот Лимож, радикалци подметнаа пожар на првиот кат од историската зграда на градското собрание, кој брзо се прошири и целосно го зафати покривот. Истовремено, маскирани групи насилно упаднаа во градските собранија во Марсеј и Лил, додека во Лион локалната туристичка канцеларија беше целосно ограбена, деструктурирана и запалена.
Во Париз и другите големи центри, полицијата за разбивање демонстрации мораше да употреби солзавец, шок-бомби и водени допови против толпата.
Според информациите на агенцијата Танјуг, францускиот премиер Себастиен Лекорну соопшти дека билансот од немирите е застрашувачки, при што ширум земјата се приведени 1.200 демонстранти, а повредени се околу 150 полицајци.











