Сè повеќе луѓе избираат природни и нежни пастелни бои за велигденските јајца, кои изгледаат модерно и софистицирано. Тајната е едноставна – помалку боја, повеќе вода и пократко време на потопување.

Јајцата се варат, а потоа се ставаат во послаб раствор за боја околу 10–20 минути. Колку пократко стојат, толку посветла ќе биде нијансата, која дополнително се засилува при сушење. За финален сјај, може да се додадат неколку капки масло.

Природни состојки даваат одлични резултати: куркума за жолта, зелен чај за зелена, боровинки за виолетова, кафе за беж и хибискус или овошје за нежна розова.

За најдобар ефект користете бели јајца, следете ја бојата и вадете ги порано за посветли тонови.

 

ИЗДВОЕНИ