Велешани летово нема да имаат рестрикции на вода

16

Жителите на Велес и околните населени места што се снабдуваат со вода за пиење преку хидросистемот „Лисиче“, ќе имаат доволно количества вода претстојново лето, но и до крајот на годинава. Моментално, максималната кота на езерото Лисиче е 421,01 метар надморска височина, што, пресметано во акумулација, се 21.209.600 кубни метри, а годишните потреби од вода се околу 6 милиони кубни метри вода, информира Ване Маневски, директор на ЈПВ „Лисиче“.

Дел од количеството вода од езерото Лисиче, покрај цевководот за водоснабдување што e лоциран во населените места во Општина Чашка, се искoристува и за наводнување на земјоделските култури и на полињата во тој реон.

Маневски појаснува дека сегашната состојба е близу максималната кота на водостој на езерото Лисиче, која изнесува 423 метри надморска височина, со вкупна зафатнина од 23.347.000 кубни метри.

Тој потенцира дека за вака поволната состојба со вода во езерото Лисиче, кое  е дел од хидросистемот „Лисиче“, придонеле обилните врнежи од дожд, најмногу во последниве два месеца, односно поволната хидролошка состојба на двете реки Тополка и Врановска Река од кои се акумулира езерото Лисиче со браната о преку кое се снабдуваат жителите на Велес и околните населени места со квалитетна вода за пиење.

Водата од езерото Лисиче, преку хидросистемот „Лисиче“, односно цевководот, се носи во филтер-станицата или во фабриката за вода, каде што, прочистена и со проверен квалитет, се доставува до сите корисници во Велес и во неколку населени места во неговата околина.

ИЗДВОЕНИ