
„Франс фудбал“ ќе ја додели „Златната топка“ на најдобриот фудбалер во светот на 22 септември во Париз, а апсолутен фаворит за наградата е ѕвездата на ПСЖ, Осман Дембеле.
Иако многумина веќе го отпишаа од сериозна кариера по големите проблеми и повредите во Барселона, Дембеле се издигна од пепелта и игра вистински врвен фудбал во дресот на францускиот гигант.
Зад себе има чудесна сезона во која ги освои Лигата на шампионите, првенството и Купот, а ПСЖ беше поразен во финалниот дуел од Светското клупско првенство.
Дембеле ќе ја добие круната за својата феноменална сезона на 22 септември во Париз. 28-годишникот е апсолутен фаворит за освојување на „Златната топка“ наградата за најдобар фудбалер во изминатата сезона.
Според најновите анализи, Французинот има 77,5 проценти шанси да ја освои наградата и е далеку пред сите други фудбалери.
На второто место е младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал (25%), а друг играч на ПСЖ, португалскиот магионичар Витињо, е на третото место со 11,1 процент шанси.
Сите други имаат многу помали шанси и очигледно е дека единственото нешто што преостанува е да му се предаде наградата на Дембеле. Малку е веројатно дека нешто спектакуларно може да се промени за да Осман остане без наградата.
Во сезоната што е зад нас, Дембеле одигра 51 натпревар за ПСЖ и има учинок од 34 гола и 15 асистенции. Откако пристигна од Барселона во 2023 година, тој се појави на 93 натпревари на кои постигна 40 гола и запиша 29 асистенции.
„Златната топка“ дефинитивно ќе биде круна на кариерата на овој фудбалер. Тој покажа дека никогаш не треба да се откажувате, а во одредени моменти беше целосно понижен и уништен во Барселона.
Вистинскиот потег за него беше заминувањето во ПСЖ. Сега целата напорна работа се исплати и Французинот ќе стане најдобар во светот.
Да потсетиме, минатата година наградата ја понесе играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри. Тоа предизвика огромен скандал со Реал (М), кој сметаше дека Винисиус Жуниор треба да ја добие наградата. Оваа година, се чини, нема да има такви проблеми. Дембеле е апсолутен фаворит.