Вечер за паметење со Роџер Санчез во салата „Расадник“

122

Во рамките на „Културното лето 2025“ и одбележувањето на 70. роденден на Општина Кисела Вода, и оваа година ќе се одржат низа културно-забавни настани. Како еден од нив, Општината го најавува настапот на легендата на хаус- сцената, добитник на „Греми“ и еден од водечките светски артисти и продуценти, Роџер Санчез, со кого ќе започне тридневното одбележување.

Ексклузивниот настап ќе се одржи в четврток, со почеток во 20:30 часот, во салата „Расадник“, а сите детали за тридневното одбележување ќе бидат презентирани на прес-конференција што ќе се одржи утре.

– Подгответе се за ноќ исполнета со моќен хаус-звук, енергија без граници, најдобро ласерско шоу и атмосфера што ќе се памети – повикуваат од Општина Кисела Вода.

ИЗДВОЕНИ