Биле забележани ужасни сцени на релито „Судамерикано“ во Аргентина кога се лизгал автомобил на патеката и завршил во публиката, а едно лице го загубило животот. Несреќата се случила на самиот почеток од етапата во Кордоба и, според првичните информации, возачот Дидие Аријас и совозачот Хектор Нуњез од Парагвај биле во автомобилот што неконтролирано се превртувал кон публиката. Локалните власти потврдија дека станува збор за 25-годишно момче, кое починало од тешки повреди.

Возачот и совозачот избегнале повреди, а трката веднаш била прекината.

ИЗДВОЕНИ