Татјана Јечменица, поранешна тенисерка и тренерка на српската репрезентација на Фед Купот, загина во сообраќајна несреќа, пишуваат српските медиуми.

Трагичниот инцидент се случил во близина на Белград, а 47-годишната Јечменица, која работела како тренер по тенис, починала на местото на настанот.

Според некои информации, несреќата се случила синоќа околу 21 часот, кога се судриле патничко возило и камион.

 

ИЗДВОЕНИ