четврток, јули 2, 2026
Дома СВЕТ Најмалку пет лица загинаа при активирање на бомба во преполно кафуле во...

Најмалку пет лица загинаа при активирање на бомба во преполно кафуле во Дамаск

0

Бомба експлодираше денес во преполно кафуле во центарот на Дамаск, при што загинаа пет лица, а 16 беа повредени, објавија сириските државни медиуми.

Државната телевизија соопшти дека бомбата била поставена во кафулето, кое се наоѓа во близина на Палатата на правдата во центарот на Дамаск, објави британската агенција Ројтерс на својата веб-страница.

Нема дополнителни детали и никој сè уште не ја презеде одговорноста, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ