вторник, јануари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Утврден план за обука на битолските пожарникари и за стручна поддршка на...

Утврден план за обука на битолските пожарникари и за стручна поддршка на претпријатијата во градот

20

Битолската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) утврдила план за изведување стручна настава и обука со работниците во ТППЕ – Битола, како задолжителна инструкција за изведување стручна настава и обука со работниците во професионалните противпожарни единици во состав на локалната самоуправа.

Во едукативниот процес се застапени наставни предмети поврзани со прописите од областа на заштитата од пожари, противпожарните опасности, мерките за заштита, противпожарните справи и опрема, тактиката, давањето прва помош, но и вежби за физичка активност на пожарникарите.

Територијалната противпожарна единица – Битола ја утврдила и генералната програма за работа во 2026 година, во која се предвидени повеќе превентивни активности што вклучуваат директна соработка со претпријатијата и установите во градот.

Според програмата, битолските пожарникари ќе презентираат во претпријатијата мерки за намалување на опасноста и за ефикасно гаснење пожари на отворен простор, соработка со претпријатијата што стопанисуваат со водоводната мрежа и нивно ангажирање за надминување на лошата состојба со хидрантската мрежа во градот, како и соработка со претпријатието што врши дистрибуција на електрична енергија и обука на нивни лица за брзо исклучување на електричното напојување во објект во случај на пожар.

Во текот на оваа година, ТППЕ – Битола ќе изработат картотека на објектите со постојна хидрантска мрежа, а ќе се изврши и комплетирање и изготвување нова картотека на улиците со цел да се обезбеди вистинска слика за проодноста на улиците и за хидрантската мрежа согласно со ГИС-порталот на Општина Битола.

 

ИЗДВОЕНИ