Православните верници утре го празнуваат Благовец (Благовештение), денот кога христијаните се сеќаваат на доаѓањето на Архангел Гаврил, кој на Богородица ѝ ја објави радосната вест дека ќе го роди Синот Божји.
„Радувај се, милостива! Господ е со тебе, благословена си меѓу жените“.
Со овие зборови Архангел Гаврил и рекол на Дева Марија дека е избрана од Бога да го роди Божјиот син Исус Христос, Месијата и Спасителот на светот и човекот.
Затоа Благовештението се смета за големо колку и радосен празник. Со овој настан започна историјата на спасението на човечкиот род.
Благовештение или Благовец спаѓа во редот на божиќните празници, а секогаш се слават на 7 април според Грегоријанскиот календар.
Во православието, Благовештението се вбројува меѓу дванаесетте големи празници.
Според народното верување, сè додека не помине овој ден, луѓето се уште се плашат од зимата.
Се смета за „тежок“ празник и пролетен празник на мајките.
Именден празнуваат Благоја, Блаже, Благица, а верувањата велат дека не треба да се работи и дека на овој ден змијата не каса.
Благовец е еден од најголемите Богородични празници, почитуван како ден кога се отвораат раните и денот кога мајките се молат за своите деца.












