
Делси Родригез останува вршител на должноста претседател на Венецуела откако денес истече ограничувањето од 90 дена што го наметна Врховниот суд по соборувањето и апсењето на Николас Мадуро од страна на САД во јануари, пренесе „АП“.
Сепак, не е познато колку долго ќе остане на функцијата, бидејќи пратениците сè уште јавно не гласале за продолжување на нејзиниот мандат откако нивиот рок за тоа истече во петокот.
Според судската одлука, Мадуро е сè уште официјален претседател на Венецуела, а неговото „присилно“ отсуство е резултат на „киднапирање“ и тој е привремено неспособен да ги извршува своите должности.
Според уставот на јужноамериканската земја, потпретседателот може, во случај на привремено отсуство на претседателот, да дејствува наместо него до 90 дена. Овој привремен статус може да биде продолжен од парламентот за уште 90 дена.
Парламентот, контролиран од партијата предводена од Родригез, може да распише предвремени избори ако пратениците го прогласат претседателското место за трајно испразнето, пренесе „Бета“.











