Општина Центар ги известува граѓаните дека утре, 3 септември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар, барака 6, ќе се одржи јавна презентација на Нацрт – Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана.
На јавната презентација граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со предложените плански решенија и да добијат повеќе информации за Нацрт-планот.
Јавната анкета за ДУП-от е во тек и трае до 14 септември. Во неа можат да учествуваат сите жители и правни лица од опфатот на планот, како и од соседните подрачја, со доставување забелешки, предлози и мислења.
Нацрт-планот е изложен во просториите на ООУ „Кочо Рацин“, каде што секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот можат да се разгледаат планските решенија и да се пополнат анкетни листови.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните активно да се вклучат во процесот.
– Сакаме плановите што ги носиме да бидат резултат на отворен и транспарентен процес во кој граѓаните имаат можност да учествуваат и да го кажат своето мислење – вели Герасимовски.
Општина Центар ги охрабрува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за учество во јавната анкета и активно да придонесат во креирањето на идниот развој на овој дел од општината.












