Дел од Скопје утре (14 јули) ќе биде без електрична енергија поради планиран прекин во снабдувањето, согласно најавата од надлежните служби.
Прекинот е предвиден во периодот од 08:00 до 15:00 часот, а без струја ќе останат дел од корисниците во населбата Лисиче, поточно на:
ул. „Тодор Чангов“ бр. 48 (подулица).
Од надлежните информираат дека станува збор за планиран прекин поради работи на електродистрибутивната мрежа. На граѓаните им се препорачува навреме да ги планираат своите обврски и да ги преземат потребните мерки додека трае прекинот. Доколку активностите завршат порано од предвиденото, снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано и пред најавениот термин.












