Екипата на Голден стејт доведе уште еден ветеран во своите редови. Според доброинформираниот новинар Шамс Чаранија, искусниот Ал Хорфорд е пред потпис на повеќегодишен договор со „воините“. Центарот од Доминиканската Република има 39 години, што значи дека планира да игра кошарка во својата петта деценија.

Тој беше избран како трет пик во 2007 година и играше за Атланта со години. Потоа, од 2016 до 2019 година, беше член на Бостон, поминувајќи по една сезона во Филаделфија и во Оклахома. Последните четири сезони ги помина во Бостон, а во 2024 година беше шампион на НБА. Пет пати беше на Ол-стар во кариерата и дури двапати ја освои титулата во НЦАА со тимот на Флорида.

Покрај него, тука се и ветераните Стеф Кари и Џими Батлер, како и малку помладите Дрејмонд Грин и Гери Пејтон Јуниор.

ИЗДВОЕНИ