Упад во лабораторија за обработка на скапоцени метали во Лион, украден е плен вреден 12 милиони евра – крадците се брзо се фатени/видео

65
Фото:принтскрин, видео Х

Шест лица се уапсени откако крадци употребиле експлозиви и воено оружје за да провалат во лабораторија во Лион која обработува скапоцени метали, вклучително и злато.

Полицијата соопшти дека крадците избегале со плен вреден проценети 12 милиони евра по грабежот што траел само неколку минути вчера, пренесе хрватски „Индекс“.

Во лабораторијата Laboratoires Pourquery во времето на нападот имало 28 вработени, а петмина од нив биле полесно повредени.

Жителите опишаа како слушнале оглушувачка експлозија. „Тие разнеселе два безбедносни прозорци на лабораторијата. Имало неколкумина од нив, можеби тројца или четворица, вооружени со калашникови и лажни ознаки на ракавите… ги видовме како ставаат работи во возило, мало комбе, пред да избегаат“, изјави сведок за весникот Le Progrès.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледаат две лица облечени во црно како стојат покрај бел комби паркиран пред лабораторијата. Едно лице мирно крена скали преку оградата, додека другото држеше нешто што изгледаше како автоматска пушка. Кратко потоа, друго лице се качува по скалите и фрла пакети преку оградата. Полицијата не откри што точно е украдено од лабораторијата.

Осомничените, за кои се верува дека се искусни криминалци, беа уапсени кратко по грабежот во блискиот град Венисе, изјави за „АФП“ извор близок до истрагата. Уапсена е и жена, опишана од полицијата како соучесник во грабежот. Запленети се автоматски пушки, пиштоли и експлозиви.

Медиумските извештаи покажуваат дека ова е втор пат лабораторијата да биде цел на  напад. Во мај имаше обид за грабеж.

Грабежот во Лион се случи само неколку дена по спектакуларната провала во „Лувр“ во Париз, каде што крадците провалија во една од најлуксузните простории на музејот и побегнаа со крунски накит проценет на 88 милиони евра.

Досега се уапсени седум лица, но украдените богатства, вклучувајќи ѓердан од смарагд и дијаманти што Наполеон I ѝ го подарил на неговата втора сопруга, Марија Луиз, и тиара со 212 бисери и речиси 2.000 дијаманти што ѝ припаѓале на царицата Евгенија, сè уште не се пронајдени.

 

ИЗДВОЕНИ