УНИЦЕФ: Евакуацијата на бебиња од Газа е суспендирана поради недостаток на израелска дозвола

32

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денес соопшти дека морал да ја суспендира претходно одобрената мисија за евакуација на две новороденчиња од градот Газа, бидејќи израелските власти не издале безбедносна дозвола, и покрај договорот за прекин на огнот.

Според „Ројтерс“, двете бебиња се помлади од еден месец и се дел од група од 18 новороденчиња во болниците во северна Газа што Обединетите нации се обидуваат да ги евакуираат поради континуираните израелски воени операции во најгусто населениот дел од енклавата.

„Ги ставивме во задниот дел од возило и ги однесовме до нашите простории, чекајќи дозвола да заминат. За жал, не ја добивме“, рече вишиот координатор за итни случаи на УНИЦЕФ, Хамиш Јанг. Според него, бебињата морале да бидат вратени во инкубатори во болницата Ал Хело, која претходно била цел на гранатирање.

Активните борбени операции го оневозможиле нивното безбедно евакуирање. „Дронови и квадрокоптери сè уште летаат над глава, а има и силен митралески оган. Остануваме решени да ги вратиме овие бебиња кај нивните родители на југ“, рече Јанг.

УНИЦЕФ потврди дека бебињата се во стабилна состојба и ќе можат да се обединат со своите родители кога условите ќе бидат соодветни.

ИЗДВОЕНИ