Украинскaта премиерка Јулија Свириденко во понеделник поднесе оставка, а претседателот на земјата Володимир Зеленски најави реконструкција на украинската влада. Тој најави и дека ќе има промени и во врвот на украинските судски агенции.
Свириденко (39) беше назначена за премиер во јули 2025 година, откако ја водеше главната улога во обезбедувањето на договорот за минерали меѓу Украина и САД.
Објавувајќи ја нејзината оставка на социјалните мрежи, Зеленски посочи дека Украина „ја менува својата политичка стратегија“.












