вторник, септември 8, 2026
Дома СВЕТ Украина повторно во пламен: Русија изврши нови напади со балистички ракети врз...

Украина повторно во пламен: Русија изврши нови напади со балистички ракети врз Киев – најмалку две лица загинаа, седум се повредени/видео

0
Фото: EPA/ABIR SULTAN -- BEST QUALITY AVAILABLE

Најмалку две лица загинаа, а седум се ранети во нападот на руските сили врз Киев, објави денес градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

„До 6:30 часот утрово е познато дека седум лица се повредени. За жал, има и информации дека две лица загинале како резултат на непријателскиот напад. Тројца од ранетите се однесени во болница на лекување“, рече Кличко, пренесува Укринформ.

Како што е објавено, експлозии одекнувале низ целиот Киев во текот на ноќта.

Украинските воздухопловни сили предупредија за закана од балистички ракети и открија проектили со голема брзина кои се упатуваат кон главниот град.

Во Киев и другите региони е прогласена воздушна тревога.

Пријавени се и неколку пожари во станбени и нестанбени згради, магацини и гаражи, а пожарот зафатил и автомобили, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ