Украина ги презема телата на повеќе од илјада загинати војници, a Русија само…

1878
epa12163706 A still image taken from a handout video made available by the Russian Ministry of Defence on 08 June 2025 shows an officer wearing a hazmat suit opening a truck, part of a convoy of 1,212 bodies of killed Ukrainian servicemen to be repatriated, as it arrived in the exchange area on the border with Ukraine in Nova Guta, Belarus. The repatriation is part of a wider exchange between Ukraine and Russia, agreed on 02 June in Istanbul, involving 6,000 fallen soldiers from each side. EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE HANDOUT -- MANDATORY CREDIT -- BEST QUALITY AVAILABLE -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Украина ги презеде телата на 1.212 загинати припадници на своите вооружени сили, објави „Киев Индепендент“.

Репатријацијата на телата беше спроведена како дел од договорите постигнати на руско-украинските разговори одржани во Истанбул на 2 јуни, кои се фокусираа на размена на затвореници и загинати војници.

Во операцијата учествуваа голем број украински институции, вклучувајќи ја Службата за безбедност на Украина (СБУ), вооружените сили, Министерството за внатрешни работи, Канцеларијата на народниот правобранител, Државната служба за вонредни ситуации и други безбедносни и одбранбени агенции. Операцијата беше поддржана и од Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Телата на војниците беа вратени од неколку региони погодени од војната – Харков, Донецк, Луганск, Запорожје, Херсон и Сумски области.

Украинското Министерство за внатрешни работи и Министерството за здравство соопштија дека форензичките тимови веднаш почнале со идентификација на останките со цел што поскоро да им ги вратат на нивните семејства.

На состанокот во Истанбул беше договорена и нова размена на воени заробеници, вклучувајќи тешко ранети и малолетни војници. Претседателот Володимир Зеленски тогаш изјави дека од двете страни може да се разменат до 1.200 лица. Русија, исто така, вети дека ќе предаде до 6.000 тела на убиени украински војници.

По состанокот во Турција, Украина и Русија веќе спроведоа две размени на заробеници на 9 и 10 јуни. Иако точниот број не беше веднаш објавен, украинските власти потврдија дека меѓу вратените има сериозно ранети, хронично болни затвореници, како и заробени за време на опсадата на Мариупол во 2022 година, кои поминале повеќе од три години во заробеништво.

На разговорите во Истанбул, Украина, исто така, предложи мировен план кој вклучува целосно прекин на огнот, размена на сите затвореници („сите за сите“), враќање на киднапираните деца и користење на замрзнатите руски средства за обнова на земјата. Русија сè уште официјално не одговори на предлогот, но тамошните медиуми информираат дека руската страна има добиено 27 загинати припадници за време на размената со Украина.

 

ИЗДВОЕНИ