среда, септември 2, 2026
Дома СКОПСКА  Учениците од четврто одделение добија таблети

 Учениците од четврто одделение добија таблети

1

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во ООУ „Љубен Лапе“, им ги поделија таблетите на учениците од четврто одделение.

Од Општината соопштија дека оваа година се обезбедени 830 таблети, продолжувајќи го проектот „Таблет за секое дете“ веќе петта година по ред.

– Современото образование мора да оди во чекор со времето. Затоа, покрај таблетите, Општина Аеродром обезбеди и 7.500 бесплатни училишни униформи за секој ученик, а во соработка со Министерството за образование и наука обезбедуваме и бесплатни учебници. Воедно, училиштата во Општина Аеродром се опремуваат и со современа технологија, со цел наставата да биде поквалитетна, поинтересна и приспособена кон потребите на денешните ученици – нагласија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ