четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Ученици, на Градскиот плоштад, делеа флаери со едукативна содржина

Ученици, на Градскиот плоштад, делеа флаери со едукативна содржина

224

Ученици од училиштата во Скопје денеска делеа флаери со едукативна содржина, но и совети до повозрасните како да постапат во случај на пожари и кои се последиците од нивното настанување. Настанот се одвиваше на Градскиот плоштад, во периодот од 11:30 до 12:30 часот и беше дел од кампањата на Противпожарниот сојуз на Град Скопје за заштита на шумите и на другите површини од пожар.

– Кампањата ја организираме во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и со ЈП „Национални шуми“. Таа има едукативен и превентивен карактер и има цел едуцирање на помладата и на повозрасната популација, како да постапуваат за да не дојде до пожар и да се заштитат шумите и земјоделските површини. На ваков начин, сметаме дека свеста кај нив ќе биде на повисоко ниво и ќе придонесе за развој на општата и на противпожарната култура – изјави Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

(А. П.) Фото: П. С.

ИЗДВОЕНИ