Британската полиција денес уапси четврто лице како дел од истрагата за серија палежи на домот и автомобилот на премиерот Кир Стармер.
48-годишен маж беше уапсен на лондонскиот аеродром Станстед откако беше запрен од полицијата под обвинение за тероризам, а потоа уапсен под сомнение за палење, објави Ројтерс.
Полицијата двапати минатиот месец реагираше на пожари во куќата и имотот каде што Стармер претходно живееше пред да се пресели на Даунинг стрит како премиер, а беше запалено и возило во негова сопственост.
Досега се обвинети тројца мажи за подметнување пожар, двајца од нив Украинци и еден Романец.
Ниту еден од нив не е обвинет според законот за тероризам, кој е дел од новиот закон за национална безбедност, објави Ројтерс.
Тројцата обвинети, на возраст меѓу 21 и 34 години, се во притвор и треба да се појават пред суд во Лондон на 6 јуни, соопшти полицијата денес.