Уапсени 14 деца во Англија откако тинејџер загина во пожар

100

Четиринаесет деца на возраст од 11 до 14 години се уапсени под сомнение за убиство од небрежност откако тинејџер загина во пожар, објави полицијата на Нортамбрија во северна Англија.

Според првичните извештаи, пожарникарите го пронашле телото на 14-годишно момче во индустриската зона Гејтсхед, предградие на Њукасл на Тајн, каде што биле повикани во петокот навечер.

Пожарот избувнал околу 20:00 часот по локално време.

Во саботата навечер, полицијата објави дека привела четиринаесет деца, единаесет момчиња и три девојчиња на возраст меѓу 11 и 14 години. Тие се осомничени за „убиство од небрежност“.

„Истрагата е сè уште во рана фаза и ја молиме јавноста да не шпекулира со фактите“, изјави портпаролот на полицијата, без да открие детали за трагедијата.

Локалните жители за BBC во неделата изјавија дека тинејџерите често „провалуваат“ во индустриската зона и си играат таму.

ИЗДВОЕНИ