четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсена лихварка од Струмица: Барала висока камата и на должниците им се...

Уапсена лихварка од Струмица: Барала висока камата и на должниците им се заканувала со смрт

152

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист.

Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, но откако не можел да ја плати каматата, пријавената почнала да му упатува закани по неговиот живот и животот на неговото потесно семејство.

На 26.02.2026, пријавената се договорила со оштетениот да се сретнат во близина на нејзината куќа, по што полициски службеници од СВР Струмица, кај Ј.Т. пронашле банкнота од 100 евра, која претходно била криминалистичко-технички обработена.

ИЗДВОЕНИ