четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Ја преживеале ноќта седејќи на гранки над водата! Досега се извлечени 30...

Ја преживеале ноќта седејќи на гранки над водата! Досега се извлечени 30 лица во спасувачката акција на реката Сава/ФОТО

822
Фото: Hrvatski Crveni križ/Croatian Red Cross Facebook

Во спасувачката операција кај Бабина Греда, која трае од синоќа, досега се извлечени 30 лица од реката Сава, а нема информации дали има жртви. Болницата Винковци потврди дека примила четири мигранти кои биле спасени од Сава кај Бабина Греда, а одреден број од нив биле префрлени во болниците во Вуковар и Славонски Брод.

Директорот на болницата Винковци, Крунослав Шпорчиќ, изјави дека се примени двајца државјани на Бангладеш и двајца индијци.

„Ги лекувавме од хипотермија и ќе им биде пружена сета потребна помош“, додаде Шпирчиќ, пренесува Срна.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека брод се превртел и удрил во мочурлива област во реката Сава, и дека досега нема потврда дека некој загинал.

Шефот на противпожарната служба, Владимир Балентовиќ, објави дека спасувачката операција трае од синоќа и дека по пристигнувањето на локацијата, пронашле луѓе како седат на гранки од дрвја бидејќи областа била под вода.

„Досега се извлечени 30 лица. Засега немаме информации за жртви“, рече Балентовиќ, додавајќи дека пожарникарите сè уште го пребаруваат местото со помош на дронови.

Борба за животи во надојдената Сава: Спасувачките екипи со часови извлекуваат мигранти

ИЗДВОЕНИ