Во вторник беа извршени рации во дипломатската служба на Европската Унија во Брисел (ЕЕАС) и неколку згради во Колеџот на Европа во Бриж, како дел од истрагата за можна измама при користењето на средствата на ЕУ, објави Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител, а уапсена е и Федерика Могерини, поранешна потпретседателка на Европската комисија и шефица на дипломатијата.
Вкупно се уапсени три лица, соопштија тие. Едно од нив е ректорката на Колеџот на Европа, Федерика Могерини. Поранешната потпретседателка на Европската комисија е во притвор, дознава „Ле Соар“ од доверлив извор, потврдувајќи ја информацијата од весникот „Л’Ехо“.
Според белгиските медиуми, другите лица приведени на испрашување се менаџер на Колеџот на Европа и поранешниот генерален секретар на ЕЕАС (2021–2025), италијанскиот дипломат Стефано Санино.












