петок, февруари 27, 2026
Дома РАЗНО Уапсен скопјанец за оштетување на вратата од бугарската амбасада

Уапсен скопјанец за оштетување на вратата од бугарската амбасада

72
Foto: Printscreen/YouTube

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар денеска околу 12:40 часот на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје го лишија од слобода Ш.А. (54) од Скопје, поради сомнение дека ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија.

Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил вчера (11 јануари), кога било оштетено стаклото на влезната врата од амбасадата. Веднаш по пријавата, биле преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

По документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ