Еден од најпознатите кикбоксери во светот, Бадр Хари, повторно се најде во центарот на вниманието поради случувањата надвор од рингот. Според холандски „Телеграф“, тој бил уапсен во Холандија, под сомнение за закани и навреди.

  • Полицијата не сака ниту да потврди ниту да негира дека уапсениот маж е Бадр Хари – објави „Телеграф“.

Холандските медиуми потсетуваат дека ова не е првпат познатиот натпреварувач да има проблеми со законот. Во 2012 година, тој беше осуден за напад врз бизнисменот Коен Еверинк, во текот на настанот „Сенсејшн вајт“ во Амстердам. По жалбата, доби казна од две години затвор, од кои десет месеци условно. И во 2025 година неговото име повторно се најде во полициските извештаи, откако го обвини поранешната партнерка за насилство. Тогаш помина три дена во притвор, а случајот заврши со општествено корисна работа, забрана за контакт и приближување и со парична казна.

Доколку се потврди дека уапсениот е Хари, ова ќе биде уште еден сериозен случај во кој тој ќе се соочи со проблеми со законот.

ИЗДВОЕНИ