Турција продолжува да се тресе, регистрирани се повеќе од 100 земјотреси/ВИДЕО

1018

Откако синоќа земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди регионот Баликесир во Турција, беа почувствувани повеќе од 100 последователни потреси, од кои најсилниот беше 4,4 степени.

Во земјотресот се повредени најмалку 22 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања.

Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликесир, училиштата денес нема да работат, а беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.

Гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу, ноќеска објави дека се урнале три згради кои беа тешко оштетени во претходниот земјотрес, кои беа ненаселени, и една двокатна продавница во центарот на Синдирги.

„Имаме 22 граѓани кои се јавија во нашите болници. Четворица од нив се отпуштени“, рече Устаоглу, додавајќи дека нема жртви.

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен го погоди населбата Синдирги во Баликешир во понеделник во 22:48 часот. Потресите беа почувствувани и во Истанбул и околните провинции.

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен го погоди истиот регион на 10 август оваа година.

ИЗДВОЕНИ