Кошаркарската репрезентација на Турција продолжува со фантастичните настапи во квалификациите за Светското првенство 2027. Избраниците на Ергин Атаман убедливо го совладаа Исланд со 110:73 и ја запишаа осмата победа на исто толку натпревари.
Со перфектен учинок од 8:0, Турција стана првата репрезентација што обезбеди пласман на Мундобаскетот. Џеди Осман и Онуралп Битим беа најефикасни со по 17 поени. Кенан Сипахи додаде 15, додека Хазер и Сајбир постигнаа по 10 поени.
Турција доминираше во текот на целиот натпревар и уште еднаш покажа зошто е лидер во групата Ј. Србија е на второто место со 6:2, додека Италија има 5:2.
За Турција, ова е продолжение на совршената серија и голема потврда дека тимот на Атаман е во одлична форма пред настапот на Светското првенство.











