На бродот имало околу 14 туристи, вклучително со деца и постари лица, кои сите биле ослободени и физички неповредени, но видно вознемирени, рече таа.
Ги спасило локално семејство кое ги пронашло и им помогнало да се вратат во Икитос.
Туристката исто така ја критикуваше агенцијата „Канопи турс Икитос“ која го го организирала патувањето, наведувајќи дека бродот немал ГПС уред ниту јасен план за вонредни ситуации.
Во соопштението објавено во вторникот, „Канопи турс Икитос“ наведе дека инцидентот бил вон нивна контрола и дека е веднаш пријавен на надлежните органи.
Фирмата соопшти дека ги активирала итните протоколи и дека соработува со истрагата, како и дека ги зајакнува мерките за безбедност, вклучително со ГПС надзор и соработка со речената полицика.
И шпанската амбасада во Перу и туристичката агенција не се достапни за коментар.
Иако вооружените грабежи ретко се случуваат во Перу, Стејт департментот на САД ги предупредува своите граѓани да бидат внимателни поради криминалот, граѓанските немири и можни грабнувања во одредени делови од земјата.
ИЗДВОЕНИ
„Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидот и насилството врз жените, се бара институционална одговорност и санкции
Новак Ѓоковиќ со една порака го потресе целиот свет: Дали е ова крајот?!
ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР ЈА ЗАБЕЛЕЖА ГРЕШКАТА, ИЗБОРНИТЕ ОРГАНИ СЕ КОРИГИРАА: За скопски градоначалник доставени 17, а не 18 кандидатури – најмногу 16 во трка
ТРИЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, АТМОСФЕРАТА НА ПАТ КОН ВРИЕЊЕ: Кампањата од црна станува уште поцрна