Троши повеќе од Грција! Можен ли е финанскиски колапс на Франција?

540

Во минатото, кога стануваше збор за најранливите европски економии, сите очи беа насочени кон Грција или Италија. Нивните високи приноси од обврзници јасно покажуваа дека инвеститорите се скептични во врска со нивната способност да ги отплатат своите долгови. Денес, ситуацијата драматично се промени. Наместо Грција, Франција е сè повеќе во фокусот на загриженост, пишува Скај њуз.

Всушност, Франција во моментов плаќа повеќе камати за своите долгови отколку Грција. А овие финансиски проблеми се поврзани и со политичката нестабилност – еден по друг, француските премиери поднесуваа оставки по парламентарните порази. Основата на сè е состојбата на јавните финансии. Буџетскиот дефицит на Франција е меѓу најголемите меѓу развиените земји.

Додека сите земји трошеа премногу за време на пандемијата, Франција беше меѓу најбавните во враќањето кон одржлива потрошувачка. Плановите за штедење беа предложени неколку пати, но беа повлечени поради политички отпор.

Франција има највисоко ниво на владини трошоци во однос на БДП меѓу развиените земји. Иако најавените намалувања беа минимални, дури и овие скромни предлози предизвикаа големо политичко незадоволство. Уште еден премиер би можел да се соочи со пад поради неуспешен законски предлог – ситуација што се повторува од година во година, пишува Večernji.hr

Но, проблемот не е само политичкиот отпор. Зголеменото влошување на јавните финансии е поврзано и со пад на продуктивноста, што некогаш беше предност на Франција. Французите можеби работат помалку, но со години се многу продуктивни. Но, неодамна, таа продуктивност исто така се намалува. Пониската продуктивност значи помалку даночни приходи, а со тоа и растечки дефицит.

Како резултат на тоа, предупредувањата за можен финансиски колапс стануваат сè почести – дури и од врвот на владата. Самиот премиер Франсоа Бајру повика на претпазливост, потсетувајќи на случајот со Лиз Трас и британскиот буџетски дебакл во 2022 година.

ИЗДВОЕНИ