Тројца повредени, меѓу кои и 14-годишно дете, по жестока пресметка со ножеви која се случила вечерва (17 јуни) во скопската населба Чаир, потврдуваат од МВР.
Десетина минути пред 20 часот било пријавено дека на крстосница меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, „по претходно недоразбирање“, физички се пресметале 14-годишник и С.Р.(64) и Б.С.(18), сите од Скопје. Во пресметката тие употребиле ножеви и сите тројца се повредени, велат од МВР.
Во моментот се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и утврдување на причините и деталите за инцидентот кој ги вознемири жителите на овој фреквентен дел од Скопје.