
Вицешампионот на Италија, тимот на Наполи, е во потрага по нов напаѓач што треба да биде замена за белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку, кој му беше продаден на Фенербахче. Според последните информации што пристигнуваат од Апенинскиот Полуостров, „азурите“ моментално контактираат со Габриел Жезус, Николас Џексон и со Џошуа Зиркзе.











