Tри смртни случаи во Дизниленд за помалку од две недели: „Најмагичното место“ на светот под сенка на трагедијата

156

Три лица загинаа во Волт Дизни Ворлд за помалку од две недели, во серија несреќи што фрлија сенка врз „најмагичното место на Земјата“, објавува Њујорк пост.

Во последната несреќа загина маж во Контемпорари Ризорт, хотел во Дизни Ворлд во близина на Орландо, Флорида, потврдија претставници на округот Оринџ.

Тие не наведоа причина или точно време на смртта, но на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа полициска лента и голем број полицајци во дворот на хотелот, кој е дел од Дизни Ворлд.

Еден гостин напиша на Фејсбук дека не знае дали некој скокнал намерно или случајно од еден од прозорците на хотелот, кој е висок 14 ката.

Хотелот беше и место на несреќа минатата недела, кога посетител на тематскиот парк скокна од платформата за набљудување на зградата.

31-годишна жена од Чикаго беше на меден месец во Дизни Ворлд кога изврши самоубиство пред шокираните гости.

Според Њујорк пост, во вторник имало и инцидент кога маж на возраст од 60 години се срушил и подоцна починал во болница.

Во луксузниот хотел „Контемператур Ресорт“, каде што ноќевањето чини над 1.000 долари, еден маж изврши самоубиство и во јули 2023 година, потсетува весникот.

Овој хотел е веројатно најпознат од повеќе од 25-те хотели во рамките на Дизниленд.

ИЗДВОЕНИ