недела, септември 21, 2025
Дома СВЕТ Три лица се повредени, а четири куќи се оштетени во експлозија во...

Три лица се повредени, а четири куќи се оштетени во експлозија во Холандија

35
Во текот на ноќта се случи експлозија во текот на изминатата ноќ во Вилсинген, Холандија, сериозно оштетувајќи четири куќи, при што се повредени три лица, од кои едно е префрлено во болница.
Експлозијата избувнала околу 2 часот и 15 минути по полноќ, а точната причина за експлозијата не е позната, пренесе холандскиот јавен сервис НОС.
Едно лице од повредените, 15-годишно момче, е префрлено во болница, додека останатите повредени се згрижени на местото на инцидетот од екипата за брза помош.
Според пишаните медиуми, на улицата останале остатоци од скршено стакло и сакции. Локалната полиција наведе дека се истражува можноста да е во прашање намерен инцидент, односно за „акција што ја извршила трета страна“, но извршителите се уште не се идентификувани.

 

ИЗДВОЕНИ