Трет мандат за Максим Димитриевски во Куманово

29

Максим Димитриевски од ЗНАМ прогласи победа во Куманово. Во обраќањето пред поддржувачите Димитриевски рече дека неговиот противкандидат Горан Стојковски веќе му честитал.

„Најпрвин сакам да кажам дека ова не е само моја победа, ова е победа на граѓаните на Куманово. Многу сум горд на сите луѓе кои беа вклучени во овој изборен процес и до сите кои дадоа се од себе за оваа победа се случи вечерва во Куманово, рече Димитриевски.

Излезноста во вториот круг во Куманово беше многу мала, околу 34 отсто. Од тие гласови Димитриевски добил 16.000 гласови, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски околу 15.000 гласови. Димитриевски рече дека ниската излезност е сериозен знак дека граѓаните на Куманово не се задоволни и дека во следниот период ќе работи да ја врати нивната доверба.

ИЗДВОЕНИ